Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Бадникова прослава во Соборниот храм во Скопје: Апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето

Со подигнување на бадниковото знаме во православните храмови започна одбележувањето на Бадник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со подигнување на бадниковото знаме во православните храмови започна одбележувањето на Бадник – денот пред Христовото раѓање. Православните христијани, иако годинава во помал број, од изутрината се упатија кон црквите. Да се помолат, да запалат свеќа и да земат едно од светените бадникови гранчиња кои подоцна ќе го закачат пред својот дом.

Во скопскиот сообен храм, не изостанаа ниту традиционалните церемонии.

Традиционално, стариот кум дојде во храмот со пајтон. Со музика и топла ракија, го предаде бадниковиот ќуп со граничиња на новиот кум, кој со него си замина дома.

Реклама
  • „Живи и здрави сите да сме, Бадник да го славиме и гранчиња бадникови во срца да посадиме.“ – Цитираше здравичарот Анастас Тановски.
  • „Планиран беше Марко, ама до мене е Марко помладиот и само да го прашам. Што ќе бидеш кога ќе пораснеш?“ – Праша стариот кум, Мојсо Мојсовски, на што малиот Марко одговори: „Кога ќе пораснам ќе бидам бадникар како дедо ми Марко“.
  • „Да се слушаме, да се гледаме, да се разбираме, ве молам да се почитуваме, да си помагаме. Да имаме разбирање за различностите. Да имаме разбирање за секој еден во овој град.“ – Порача новиот кум, Божидар Јанковски.

На предавањето на ќупот, традиционално учествуваа и градоначалниците на Град Скопје и општина Центар.

  • „Да им покажеме што значи да бидеме солидарни, да бидеме хумани, да покажеме љубов, да покажеме разбирење. Се надевам дека оваа година секој еден од нас ќе го покаже најдоброто од себе.“ – Порача градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
  • „На православните христијани им го честитам бадник, многу здравје, среќа, берикет, слога, почитување и меѓусебно разбирање за сите нас.“ Посака градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Православните христијани денес со семејствата и најблиските ќе кршат погача со паричка. На оној ќе му се падне паричката, се верува дека ќе го следи среќа низ целата година. Верниците со желби за здравје, среќа и мир, велат, од наутро се подготвуваат за посната бадникова трпеза.

Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста. Утре православните христијани ќе го слават Христовото раѓање. За Божиќ, традиционално се подготвува мрсна трпеза која го означува крајот на божиќните пости.

Никола Цветкоски