Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Азевски од Стопанска Комора: Владата во изминатата година постигна да одиме чекор напред

Порака од Бранко Азевски, првиот човек на Стопанска Комора На една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Порака од Бранко Азевски, првиот човек на Стопанска Комора

На една од многубројните средби во Комората, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер изјави дека, кога ќе дојдат на власт ќе бидат бизнис-ориентирани и од коморите ќе побараат да ги определат одредниците кон кои ќе се оди заеднички. На сите ни е јасно дека тоа не може да се спроведе целосно бидејќи Владата покрај кон бизнисот има сериозни обврски и кон граѓаните, но и кон меѓународната заедница за прашања кои влијаат на позицијата на бизнисот.

Ние затоа сме свесни и не тврдиме дека нашето е вистинското, туку го поддржуваме сè она што е од интерес на државата. Но, да ги повториме уште еднаш одредниците на бизнисот, а тоа за нашата Комора се следните работи:

Реклама

1. Градење на систем на образование за потребите на бизнисот, конкретна поддршка за извозот преку директни инструменти и мерки поддржани од државниот буџет и подобрување на регионалната соработка како иницијална основа за забрзување на ЕУ интегративните процеси.

2. Во одредниците спааѓат и стратешките цели на Комората. Борба против корупцијата и сивата економија, брза гасификација, регулирање на односите помеѓу државата и бизнисот на начин што нема да биде на штета на приватниот сектор, а ќе придонесе за општото добро.

Во изминатата година постигнат е чекор напред, стекната е комуникација и доверба, но ние како бизнис би сакале крупните одлуки за економски просперитет да мора да бидат донесувани со концензус на сите чинители. Тука мислам пред сè на опозицијата, бизнисот, учесниците во трипартитниот дијалог, науката, невладиниот сектор, медиумите.

Неспорно е дека Владата како клучен сегмент во новите одредници ја поставува инвестиционата активност за која очигледно се потрудила да направи сериозна рамка. Плус, активно работи за поголема вклученост на домашните компании на меѓународните проекти. Според информациите со кои располагаме од членките и понатаму остануваат традиционалните забелешки за однесувањето на јавната администрација, но нема информации за некакви притисоци, закани, кои може да влијаат на остварување на поставените цели. Во моментов најголеми проблеми имаат фирмите од текстилниот сектор, но општо и фирмите кои долги години наназад не можат да ги надминат проблемите врзани за континуираните кризи.

За активно да се партиципира во заедничката економска политика, Комората полека но сигурно го исцртува и тимот со кој ќе се обидеме да им помогнеме на компаниите но и на државата во остварување на зацртаните цели. По конституирањето на Собранието и на Управниот одбор, деновиве ќе бидат избрани потпретседателите на Комората со што ќе се заокружи и пирамидата на управување. Листата на потпретседатели ја предводи м-р Александар Гечев од ИГМ Трејд Кавадарци, еден од нашите најголеми извозници. А на неа ќе бидат и имињата на Сашо Наумоски, Анатол Кутревски, Виктор Мизо, Зоран Милковски, Сашо Самарџиоски, Глигор Цветанов, Ирена Јакимовска, Драгана Чифлиганец, Марјан Бојаџиев.

П.С. Комората со 103 годишно иксуство и солидна кадровска основа е спремна за големите предизвици кои стојат пред приватниот сектор. Премиерот Мицкоски ја има нашата поддршка да продолжи по одредниците и конечно нашата земја да ги зголеми БДП, профитот на компаниите и да отвори нови работни места. Така ќе го сопреме одливот на мозоците и ќе тргнеме по правиот пат.