Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Автопатите се градат според планот – надминати финансиските пречки за Кичево–Охрид

Изградбата на сите автопатски делници долж Коридорот 8 се одвива согласно предвидената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на сите автопатски делници долж Коридорот 8 се одвива согласно предвидената динамика. Со силни заложби на Владата, изградбата на автопатот Кичево–Охрид, која со децении тапкаше во место, ќе биде реализирана во предвидениот рок и покрај тешкотиите на кои што наишле, посебно во делот на обезбедување средства за довршување на оваа многу важна делница.

„Заемот кој што го добивавме од кинеската Ексим банка повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме и тој проблем е надминат. Формиран е синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно и со тоа веќе, конечно, таа делница ќе биде функционална“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Што се однесува на изградбата на трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, која што е спорна за УНЕСКО, премиерот Мицкоски уште нагласи дека ќе се најде решение и дека Струга нема да биде слепо црево, туку ќе биде автопатски поврзана. Тука имаме многу повеќе проблеми од трасата, а тоа се пред сè жителите во струшкиот регион кои што имаат ограничување во делот на својот семеен развој, истакна Мицкоски. Дел од вината ја лоцираше и во претходната локална власт на Струга.

Реклама

„Не можат да си ја надградат куќата, не можат да ја прошират поради ограничувањата кои што ги имаме од страна на УНЕСКО, но и тоа не е толкав голем проблем, бидејќи Охридското Езеро не се протега само во Охрид и во Струга, туку го имаме и со соседна земја. Исто така има и однесување кое што не е во согласност со препораките на УНЕСКО. Така што мораме тука многу внимателно да пристапиме, а имаме и однесување во минатото кое што, за жал, повеќе е забележано тука во Општина Струга, кое што нанело непоправливи штети на имиџот на државата пред УНЕСКО“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во втората половина на мај претставници од УНЕСКО ќе дојдат во Македонија, чиј домаќин ќе биде лично премиерот. Во светот постојат и други дестинации кои се под капата на УНЕСКО, ние бараме коректен и еднаков третман. Туристичките места Охрид и Струга мора да се развиваат, дециден е Мицкоски, посебно сега кога имаме 20 % зголемување на бројот на патници од охридскиот и 30 % од скопскиот аеродром.

Што се однесува до изградбата на другите автопати, напредува делницата Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани. Предаден е извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани – Кичево. Солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп – Битола, која што е дел од Коридорот 10Д. Инаку, при денешната посета на Струга, Мицкоски меѓу другото присуствуваше на поставување на камен-темелник за прочистителна станица во Враништа, проект тежок над 90 милиони денари.