Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Австрија им препорача на своите граѓани да не патуваат во Македонија

Австриските власти  воведуваат највисоко, шесто ниво на предупредување за патување во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Австриските власти  воведуваат највисоко, шесто ниво на предупредување за патување во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

„Највисокото предупредување за овие земји стапува на сила веднаш“, рече австрискиот министер за надворешни работи Александeр Шаленберг. Станува збор за безбедносно ниво 6, што обично се издава само за земји каде што преовладуваат воени конфликти.

Министерката за интеграција Сузана Рааб, алудирајќи на над половина милион австриски државјани со корени во една од државите, апелираше до граѓаните да ги откажат патувањата во државите од кои потекнуваат.

Реклама

„Патувањето во овие земји треба да се откаже по секоја цена“, рече Рааб на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи.

Шаленберг рече дека случаи на инфекција се веќе пријавени во Австрија, но и во Словенија и во Хрватска, кои се поврзани со луѓе кои се вратиле од некои од земјите од Западен Балкан.

Министерот за внатрешни работи  Нехамер најави интензивни контроли во граничната област.

За луѓето кои доаѓаат од една од овие земји, враќањето во Австрија ќе биде можно само со двонеделен карантин или со негативен тест за коронавирус.