Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

АВМУ: Новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа без закани

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност.

Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. Ваквата содржина ја наметнува потребата од соодветно постапување од страна на надлежните институции, во рамките на нивните законски надлежности.

Агенцијата потсетува дека новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа без закани, заплашување и притисоци. Создавањето атмосфера во која заканите кон новинарите се присутни во јавниот простор може да има сериозни последици врз слободата на медиумите и слободата на изразување.

Реклама

Заканите за физичко насилство, повиците за нанесување повреда или одземање живот, како и ширењето нетрпеливост и навреди врз етничка основа, не се дел од легитимната јавна дебата и не смеат да се релативизираат или нормализираат.

Агенцијата апелира за одговорно користење на јавниот простор и за почитување на достоинството, безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите, како предуслови за слободно, независно и плуралистичко медиумско опкружување.