Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Авионска драма со закана за бомба – Скопјанецот Зоран Настески реагираше херојски прв – „Јасно ми беше дека лажно се заканува и сакав да ги заштитам патниците, го соборив и го држев до слетување“

Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија го соборил на земја патникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија го соборил на земја патникот кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и го држел до слетување, каде што го привела шкотската полиција.

Индискиот јутјуб канал НДТВ објави видео од Настески како соборува на под патник додека вика дека во авионот има бомба и го навредува американскиот претседател Доналд Трамп. Видеото, Настевски го објави и на својот јутјуб канал.

„Вчера утрото (27 јули) заминав на одмор во Глазгов, и десетина минути пред да слета авинот, покрај мене помина човек кој во рацете држеше кафе и телефон. Прво се исплашив дека ќе ме попари со жешко кафе, па се тргнав настрана. Потоа, почна да вика дека тој има бомба и ќе го собори авионот за да докаже дека политиката на Трамп е погрешна. Патниците се исплашија, особено децата кои почнаа да врескаат, а се исплаши и екипажот. Јасно ми беше дека лажно се заканува и сакав да ги заштитам патниците. Станав, го соборив на земја, му го земав телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето. Потоа, ми помогна уште еден патник, Англичанец, кој го држеше заедно со мене“, рече Настески

Реклама

Кога слетале на аеродромот во Глазгов, на пистата дошле пожарникари и полиција и го уапсиле 41-годишниот патник кој се заканувал. Случката ја снимала една од жените во авионот, а Настески побарал да му ја испрати. Откако стана вирална на социјалните мрежи, ја објави индискиот јутјуб канал.

За неколку недели, по десет години работа во Англија, Зоран Настески кој по татко е Македонец, а по мајка Србин ќе се сели во Србија со партнерката.