Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

„Артемис 2“ се враќа на Земјата – Четворица астронаути вечерва се спуштаат во Тихиот Океан

По десет дена пат кон и од Месечината, четворицата астронаути на НАСА…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По десет дена пат кон и од Месечината, четворицата астронаути на НАСА некаде после полноќ се враќаат на Земјата. Вајзман, Гловер, Кох, и Хансен, направија прелет околу Земјиниот сателит без слетување и го изведоа најдолгото патување досега. Некаде околу 2 часот по полноќ според македонско време, со вселенската капсула „Орион“ ќе навлезат во атмосферата и ќе влезат со брзина од 40.000 километри на час. Овој дел од мисијата се смета и за еден од најризичните. За  астронаутите гледањето на Земјата од толкава далечина било емоционално и моќно искуство.

„Работата што ја видовме и што најмногу ме изненади беше тоа што ние трениравме да го набљудуваме затемнувањето и да ја гледаме страната на Месечината од далечната страна. По тоа што поминавме зад далечната страна на Месечината, видовме одлични симулации направени од нашиот тим за лунарна наука. Но кога тоа навистина се случи, буквално нè остави сите без зборови. Мислам, ја слушнавте нашата реакција во реално време, но поентата беше што ние се имавме подготвувано за тоа, и речиси беше нешто за кое, не сакам да кажам дека бевме незадоволни, но фактот што лансирањето беше на 1 април значеше дека далечната страна не беше толку осветлена како што се надевавме. И така, знаете, тоа некако изгледаше како утешна околност. И тоа беше еден од најубавите подароци од тој дел на мисијата“, изјави Виктор Гловер пилот на НАСА.

„Но она што навистина се надевавме, и тоа често го кажувавме претходно, е дека ние сме тука да служиме на НАСА, да им служиме на нашите држави, Канадската вселенска агенција, НАСА и меѓународната заедница. И тука сме да служиме и за Artemis III. Но навистина се надевавме во нашата мисија дека за еден краток момент можеме да го натераме светот да застане и да се потсети дека ова е прекрасна планета на многу посебно место во нашиот универзум, и дека сите треба да го цениме тоа што го имаме, тоа што ни е подарено. И мислам дека за луѓето што решија да се вклучат и да гледаат, а изгледа дека беа навистина многу ,тоа и се случи. И за тоа сме бескрајно благодарни“, изјави Џереми Хансен специјалист на мисијата.

Реклама

Поради интензивното загревање, леталото од Земјата ќе изгледа како огнена топка. Сепак, заштитните системи се дизајнирани да издржат вакви екстремни услови и да обезбедат сигурност на екипажот.
По најкритичниот дел од спуштањето, капсулата ќе ги активира падобраните за забавување, по што ќе следи контролирано спуштање во океанот, каде што тимови за спасување ќе го преземат екипажот.

По слетувањето, астронаутите ќе ги исклучат системите на капсулата и ќе го почекаат пристигнувањето на спасувачките тимови. Во операцијата се вклучени НАСА и американската војска, кои ќе користат специјализирана опрема и воздушна поддршка.

Последен пат кога човекот стапна на Месечината е пред повеќе од 50 години, од последната мисија Apollo 17 во 1972 година. Следното патување Artemis 3, кој ќе претставува прв голем лет со екипаж во новата фаза на истражување на Mесечината. Потоа следи „Артемис 4“, првото вистинско слетување на астронаути на Месечината. Тие ќе се фокусираат на спуштање на површината, научни истражувања и почеток на долгорочно присуство на земјиниот сателит.