Реклама
Македонија

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички и вербално нападната додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички и вербално нападната додека извршувала службени обврски во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението од МВР, на 11 јули 2025 година, во 12:15 часот, лицето А.Ј. пријавило дека на улицата Кумбара, при контрола на терен, градоначалничката била нападната, а повеќе лица ѝ упатувале сериозни вербални закани. Арсовска одбила да поднесе официјална пријава и самостојно се упатила во Градската општа болница „8 Септември“ за лекарски преглед.

По излегувањето од болница, таа пред медиумите изјави дека инцидентот започнал со телефонски закани од непознато лице, кое потоа и физички ја нападнало на терен. Според неа, нападот се случил во близина на објект што повеќепати бил пријавуван како дивоградба со нелегални приклучоци за струја и вода. Навреди добиле и женските службени лица кои биле во нејзина придружба. Арсовска упати и критика до полицијата, тврдејќи дека не реагирала навремено и соодветно на нападот.

Реклама

„Лицето отпочна прво со вербални напади, при што пристапи физички ме нападна, Се приближија имаше на лице место припадници на МВР кои што на овој негов напад со нежни зборови ако можам така да се изразам, го поместија малку по што продолжи да се заканува и кон мене и кон советниците вербано да ги напаѓа се обиде и физички да ги напаѓа. Ништо не функционира во оваа држава. Физички ме нападна со тепање со клоци, пред очите на МВР, закани со силување по мене со семејството, пред очите на службениците на МВР. Наместо веданш да биде приведен му дозволија половина час да се јавува по луѓе по пријатели да зборува што ќе ми прави и тоа на цел глас, што ќе ми прави мене, на моето семејство на моето дете. Службениците кои во најголем дел беа жени, ми е срам да кажам како им се обраќаше во јавност. Иницираше да ги нападнат дополнителни 10 лица кои се собраа во токлпа тука, со фрлање на столчиња со плукање по нив одозгора, не знам како да ви кажам на оваа територијата кај нас МВР покрај тоа што имаше 10 полицајци со нас, кои отпосле дојдоа откако овие двајца си правеа муабет со напаѓачот, дека на одредена територија кај нас немаат никакво влијание“, изјави градоначалничката Данела Арсовска.

МВР го истражува случајот, иако засега нема поднесена кривична пријава од оштетената.