Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Аријан Ибраим и официјално го почна четвртиот мандат на градоначалник

Претседателот на Општинската изборна комисија, Неџип Илјаз, денеска попладне му го врачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Општинската изборна комисија, Неџип Илјаз, денеска попладне му го врачи уверението на Аријан Ибраим, со што и официјално тој го почна четвртиот последователен мандат на градоначалник на Општина Центар Жупа.

– На градоначалникот кој е избран со волјата на народот на нашата општина, му посакувам многу  успех во интерес на општината и жителите. Благодарност до сите членови на ОИК,  на избирачките одбори и институциите кои придонесоа за демократски изборен процес, рече Илјаз.

Беше избран на  повторените избори одржани на 11 јануари, кога правото на глас го остварија  1003  од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласаа за Аријан Ибраим, додека 30 беа неважечки ливчиња.

Реклама

Ибраим(54) беше предложен од Демократската партија на Турците а поддржан од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

-Голема благодарност до сите жители што изборните процеси минуваат во демократска атмосфера. Како и до сега продолжуваме со транспарентна  работа, максимална ангажираност и реализација на проекти во интерес на сите, кусо изјави Ибраим.

Првпат за градоначалник беше избран на локалните изборите во 2013 година, и на следните три изборни циклуси. 

Поради необезбедени цензус од 33,33 отсто од вкупното гласачко тело изборите во двата последни циклуси беа повторени. Со одлука на Владата тој беше назначен за повереник со надлежности на градоначалник.