Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Архиепископот Стефан со израз на сочувство по повод смртта на папата Франциск

Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан испрати писмо со сочувство…

Сподели:

Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан испрати писмо со сочувство за упокојувањето на папата Франциск до кардиналот Кевин Јозеф Фарел во Светата Столица.

„Со длабока тага, но и со силна надеж во Воскресението, токму во овие денови на взаемна пасхална радост на сите христијани во светот, ја примивме веста за упокојувањето на Наговата Светост, папата Франциск. Дозволете Ни од свое име, и од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и од името на сета полнота на нашата Помесна Православна Црква, Вам, на клирот и на сите католички верници насекаде по светот, како и на сите луѓе кои ги почитуваа личноста и делата на папата Франциск, да Ви изразиме искрено сочувство по повод на неговото упокојување,“ наведува архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Како што посочува, понтификатот на папата Франциск, во историјата на Католичката Црква ќе биде запаметен по неговото трезвено разбирање на проблемите со кои се соочува современото човештво, по неговиот постојан напор за воспоставување взаемен дијалог и мир помеѓу народите, по неговата отвореност кон луѓето кои што страдаат и храброто и смерно соочување со наследените предизвици, со неговото неуморно сведочење на евангелската светлина, на нагласената отечка и архипастирска сострадалност, како и на едноставната, тивка и искрена проповед на милоста Божја, со кои беше украсена неговата личност.

Реклама

„Неговата Светост, папата Франциск, во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како единствен папа кој посака и ја посети Република Македонија. Го молиме Бога, Кој владее над живите и мртвите, да го упокои папата Франциск и да направи споменот да му биде вечен,“ наведува поглаварот на МПЦ-ОА.