Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), како јавен советодавен сервис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), како јавен советодавен сервис во земјоделството, почна со серија информативно-едукативни средби со земјоделските производители директно на терен.

Од АПРЗ со седиште во Битола информираа дека до крајот на идниот месец ќе бидат посетени повеќе од 250 населени места во руралните средини.

-Средбите со земјоделците ги реализираат наши стручни тимови и се во период кога започнуваат активностите во земјоделството, особено во растителното производство, а истовремено стартуваат подготовките за претстојната вегетациска сезона. Согласно распоредот, ќе бидат опфатени и одгледувачите на добиток и пчеларите, потврдија од АПРЗ со седиште во Битола.

Реклама

Тимови на АПРЗ денеска се во битолското село Егри и во Кривогаштани, утре во Могила, а во петок во преспанското село Езерани.

-На средбите препорачуваме совети кои се соодветни или во зависност од населеното место и агрокултурите што се негуваат. Секако информираме и за генералните теми како што се водење евиденција за добра земјоделска практика, информации за Програма за финансиска поддршка и активната програма за рурален развој, но и за дигитализација во земјоделството, во одредени средини ќе говориме за производство на пченка, во други средини за интензивно овоштарство, пролетна и зимска заштита на јаболко, информација за потребите на храна за пипер од расадување до берба и други теми, посочија од АПРЗ.

На средбите меѓу тимовите на АПРЗ и земјоделците ќе се зборува и за тековни проблематики во земјоделството.