Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

„Априлилили“ во Скопје – ден на смеа и креативност

Папагали, овци, лего коцки, магионичари, принцези и вештерки. Со „априлилили“ дечињата го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Папагали, овци, лего коцки, магионичари, принцези и вештерки. Со „априлилили“ дечињата го започнаа утрото. Денот на шегата традиционално ја разбуди креативноста кај родителите и децата, а секоја маска донесе насмевки и среќа. Први април како и секоја година ја претвори фантазијата во реалност, а хуморот измами насмевки кај секого.

„Јас сум маскирана во Алиса на земјата на чудата, јас сум спајдрмен, а јас сум Вендсдеј. Јас се маскирав во директорка и ја одбрав оваа маска затоа што сакам да бидам директорка кога ќе пораснам“– велат дечињата.

Родителите велат дека одбележувањето на овој ден е од огромна важност пред се за најмладите, но и за нив. Како што велат, со манифестациите кои се организираат за денот на шегата се испраќаат пораки за прифаќање на различностите и соработка без разлика на истите.

Реклама

„Многу позитивно влијаеше и на родителите и на децата, децата се многу креативни, со многу идеи, научија да споделуваат, разменуваа материјали и научија дека секое мислење е важно. Ова е можност да ги научиме нашите деца освен на забава и на нешто креативно, да ги научиме на трпение. Меѓутоа ние денес испраќаме многу силна порака – прифаќање на различноста, другарство, пријателство и заедничка работа.“– велат родителите.

Во ГТЦ традиционално се одржа Априлијада која што обеднини дечиња и родители од различни училишта и градинки. Организаторите истакнуваат дека настанот носи радост и креативност и помага да се врати позитивниот дух во Скопје.

„Ова што денес може да се види да се соберат дечиња од сите градинки од училишта во главниот град мислам дека е добар момент да го практикуваме и во перспектива се со цел да ја вратиме душата на Скопје зошто па и најмладите се душата на градот. Во насока на тоа ќе продолжиме како град да ги подржуваме овие настани и манифестации.“– вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Многу е важен овој настан и за градот и за децата, но и за целата поширока јавност бидејќи сакаме да го вратиме доброто расположение да биде повторно во мода. Да бидеме среќни, радосни, весели, креативно да се изразат децата, па еве и ние возрасните.“– вели директорката на Детски културен центар – Карпош, Билјана Лалчевска Серафимовска.

Театарски изведби, песнички, танцови од балетски и хип- хоп студија како и диџеи ја исполнија атмосферата со радост и среќа кај сите генерации. Априлијадата традиционално се оддржува секоја година и е подржана од Град Скопје.