Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Антикорупцискиот тим на СДСМ ќе треба да го „чешла“ Заев: Ќе испитуваат ли дали има 42-катница во Дубаи?!

Зоран Заев заработи пријава до Антикорупцискиот тим на СДСМ. Сопартијците на Венко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Заев заработи пријава до Антикорупцискиот тим на СДСМ. Сопартијците на Венко Филипче ќе треба да проверуваат дали нивниот поранешен партиски лидер и еден од најблиските пријатели на сегашниот претседател, гради 40 катница во Дубаи. Пријавата до тимот на СДСМ стигнува од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Заев и Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

-Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев. Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?, изјави Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие информации ги потврдува поранешниот соработник и познаник на Заев, Томо Аврамско. Во изјава за српски медиум, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи, каде ја посетил зградата која ја гради поранешниот премиер на државата. Но, потенцира дека и Филипче има стан во своја сопственост во Дубаи. 

Реклама

-Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Аврамски.

СДСМ наместо да демантираат решија да влезат во лична пресметка со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека тој бил првиот македонски бот, кој бил плаќан евтино, со сендвичи.

-Што прават со Валентин? Едноставно му се плаќа облекувањето (забележувате нови одела и сакоа за секоја прес-конференција) сепак треба да изгледа како Валентино, како што и името му звучи.Се разбира, тука може да биде и задолжителниот сендвич.Така Валентин, со презиме Манасијевски, успеа да стане првиот и единствен примерок на бот во Македонија.За топлиот оброк (сендвичот) не се грижиме, забележано е дека е засилен, појачан, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак одговорија дека целата реакцијата на СДСМ била преполна со навреди и квалификации што само бочп потврда дека Валентин Манасиевски погодил во целта.

-СДСМ е во тешка ситуација, а лицата кои ја управуваат, одобруваат и пишуваат соопштенија се со сериозни и длабоки психолошки предизвици за кои треба посветен и аналитичен пристап. Нивните реакции треба да се гледаат низ призма на длабока идентитетска и психолошка криза низ која поминуваат. Овој посттрауматски стрес синдром на таа партија, обвиен со симптоматологија на опсесивна компулсивност, патолошка клептоманија и постојана потреба да се објаснуваат и да навредуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, Филипче прво демнатираше дека поседува златна виза, но потоа призна дека имал, со објаснување дека не ја добил поради вложени пари, туку затоа што преговарал за работа со некоја болница. Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза може да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата.

Матеја Петровски