Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Антикорупциска ги демантира наводите на Левица за политички влијанија и „октопод“ во Комисијата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли наводите на Левица дека во институцијата постои политичка мрежа на влијание, судир на интереси и селективно постапување по предмети. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, оцени дека обвинувањата се неосновани и целосно спротивни на начинот на кој функционира ДКСК.

Левица претходно објави соопштение во кое тврди дека постои „мрежа за контрола врз текот и исходот на предметите“, во која клучна улога ѝ се припишува на членката на Комисијата Цвета Ристовска и на лицето ангажирано во архивата, Татјана Наќева.

Чучуљ денеска изјави дека системот за распределба на предмети не дозволува никакви манипулации.

Реклама

-Не се работи за никакво влијание врз распределбата, ниту пак тоа е можно да се оствари во пракса, имајќи предвид дека предметите се доделуваат по случаен избор преку електронскиот ДМС-систем, рече тој, додавајќи дека ниту еден член на Комисијата, ниту претседателот, ниту вработените во секретаријатот не можат да влијаат врз тоа кому ќе му биде распределен предмет.

Во врска со наводите за ангажманот на Татјана Наќева, Чучуљ потврди дека лицето било ангажирано, но нагласи дека причините биле исклучиво технички – поради обемна, несредена архива со предмети.

-Имајќи предвид дека ДКСК како институција обработува документација на ниво на министерство, а долг период архивата не беше средена и не беше извршено уништување на документационен материјал со истечени рокови за чување, постоеше потреба од екипирање и организирање поголема акција за селектирање на материјалот. Станува збор за близу 7 илјади предмети и поради тоа беше ангажирано ова лице. Договорот му истекува на 29 јануари, и нема потреба од дополнително негово ангажирање. Морам да нагласам дека ова лице нема никакво влијание ниту врз доделувањето, ниту врз распределбата на предметите, што целосно ги демантира наводите изнесени на денешната прес-конференција, нагласи тој.

Тој потсети дека ДКСК работи како колективно тело и дека сите одлуки се носат на јавни седници, со мнозинство гласови.

-Одговорноста не е индивидуална, туку колективна, рече Чучуљ, додавајќи дека ваквите наводи ги гледа како обид за дефокусирање на работата на Комисијата.

На прашањето дали ДКСК ќе поднесе тужба за клевета, Чучуљ одговори дека Комисијата не сака да се вплеткува во дневно-политички конфликти и ќе продолжи да работи транспарентно.

Во однос на дополнителните прашања поставени на брифингот, Чучуљ посочи дека не е точно дека нема предмети за актуелната власт или актуелните функционери и најави дека, како што рече „во наредниот период ќе се фокусираме на имотната состојба на актуелни функционери од највисоките институции – министри, јавни обвинители, судии, пратеници и градоначалници“.

На прашањето зошто имотната листа на осомничениот судија Ѓоко Ристов не е достапна на веб-страницата на ДКСК, тој одговори дека судијата има поднесени анкетни листови во 2008 и 2021 година, но, како што појасни, новиот систем за евиденција на имотни листови на Комисијата е од јануари 2024 и поради технички проблем не се достапни претходните имотни листи.