Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Анкетна комисија за Kочани – државниот врв ги слушна барањата на родителите

Државниот врв седна во собраниската сала да ги слушне барањата на родителите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот врв седна во собраниската сала да ги слушне барањата на родителите и блиските на жртвите од пожарот во кочанското кабаре „Пулс“. Владата ќе стори се за да им помогне на семејствата од Кочани, рече претседателот на Владата, во однос на барањето за финансиска помош од државата. Но, анкетната комисија во Собранието нема да донесе правда, таа може да се утври се утврди во суд. За Мицкоски пропаднал обидот на опозицијата да креира лажна слика и да растура пердуви дека ниту еден функционер од власта нема да се појави на Собраниската анкетна комисија.

  • Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние коишто ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, како и до сите оние кои што се повредени од овој трагичен настан. Ние како држава ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна. Се разбира, сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили, додаде премиерот.

Анкетна комисија почна со едноминутно молчење во чест на настраданите во пожарот. Здружението на родители побара да се овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот.

  • Нашите барања се: итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во Пулс – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната неактивност на институциите, утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно. Да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа – рече Петрушова.

Нема да дозволиме да бидете изманипулирани и излажани им рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на родителите бидејќи, како што посочи форматот на оваа Комисија и се што ќе биде кажано тука нема да има никаков правен основ за поведување одговорност.  Побара и изземање на претседателот на Анкетната комисија Димитар Апасиев бидејќи тој не може да гарантира непристрасност и објективност со оглед на сето претходно кажано.

Реклама
  • Сакам да ве предупредам не само како мајка и сестра, туку и како пратеник и професор по право дека за она за кое што сме собрани денес тука нема да биде постигната посакуваната цел. Треба да знаете дека форматот на оваа Комисија и се што ќе биде кажано тука, нема да има никаков правен основ за поведување одговорност. Но, истата единствено може да послужи за изземање од одговорност на оние кои имаат учество во оваа ужасна трагедија – рече Василевска.

Во Собранието беше прочитано и писмото на републичкиот обвинител Коцевски до  спиќерот Гаши дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија, бидејќи одредени докази и сведоци можат да се компромитираат. Истото го повтори и во изјава пред медиумите.

По околу три часа расправа Анкетната комисија беше прекината, а по донесувањето на заклучоците треба да биде закажано нејзино продолжение.