Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Анкета: Најголем дел од граѓаните не веруваат во пописот

Над 30 проценти од населението не верува на пописот кој го подготвува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 30 проценти од населението не верува на пописот кој го подготвува власта, покажува најновата анкета на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА. Начинот на пребројувањето на населението позитивно го оцениле 23.4 отсто од испитаниците, додека пак 34.7 проценти сметаат дека се уште е рано за оценка. Речиси 7 отсто е поголема бројката на оние граѓани кои со недоверба гледаат на оваа операција.

На прашањето – Кој е најголемиот проблем на Владата, дури 33.5 проценти од испитаниците сметаат дека тоа е криминал кој е неказнет,32.3 мислат дека тоа е невработеноста на граѓаните, додека пак 10 отсто оценуваат дека проблем е лошата економија.

Во анкетата од институтот за стратегии и истражувања е оценета и работата на скопските градоначалници брз база на впечатокот на испитаниците. Така најнегативно е оценет градоначалникот на Аеродром, Марин за кој 75.2 отсто се незадоволни. По него  на второто неславно место е Шилегов за кој 70.6 проценти од испитаниците се изјасниле негативно, а само 25.3 позитивно.

Реклама

Поголема позитивна оценка од негативна добиле само градоначалникот на Центар, Богдановиќ и Богоев кој е прв човек на општина Карпош.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 21 до 25 декември 2020та врз репрезентативен примерок од  1.523 испитаници .

Мери Ѓорѓиевска