Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Анкета на „Евробарометар“: Расте евроскептицизмот во земјите што се предмет на европските ултиматуми

Иако Европскиот парламент ја потврдува поддршката за македонскиот јазик и идентитет, граѓаните…

Сподели:

Иако Европскиот парламент ја потврдува поддршката за македонскиот јазик и идентитет, граѓаните на Македонија се се поразочарани од европскиот пристапен процес. Причината за тоа е долготрајниот и комплициран пристапен процес, кој е исполнет со билатерални условувања и политички притисоци, кои ја оддалечуваат Македонија од европските вредности и критериуми.

Наместо да се води по копенхашките критериуми за пристапување, земјата се соочува со постојани барања за компромиси околу идентитетски и историски прашања кои се поврзани со соседните земји. Оваа ситуација води до се поголемо разочарување, а поддршката на Европската унија во Македонија опаѓа од година во година. Овие факти се поткрепени и со последните анкети на „Евробарометар“. Имено довербата во ЕУ во Македонија изнесува 54%, додека 42% од граѓаните не ѝ веруваат. Лолку за споредба, есенскиот „Евробарометар“ за 2024 година покажа дека 56 отсто од македонските граѓани имале доверба во ЕУ, што јасно говори за опаѓачкиот тренд од година во година. Во исто време, земјите од регионот како Црна Гора, Албанија и Косово покажуваат многу поголема доверба во ЕУ, бидејќи тие не се соочуваат со истиот тип билатерални условувања. Покрај тоа, најновото истражување на „Евробарометар“ покажува дека 50% од македонските граѓани веруваат дека членството во ЕУ ќе се случи, додека другата половина останува скептична. анкетите се спроведени во секоја земја во март и април годинава, при што податоците за висока доверба се бележат само кај оние земји кон, кои ЕУ барем засега не испорачала билатерални условувања, туку тие преговараат исклучиво врз копенхашките критериуми, кои дури и се спуштени на минималното ниво за да можат да се сметаат за исполнети.