Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Ангеловска-Бежоска – Џанел: Независноста на Народната банка е клучна за успешно спроведување на монетарната политика

Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и за макроекономската стабилност во изминатите години, и покрај неколкуте последователни кризи на светско ниво. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Узлем Џанел.

„Професионалноста, стручноста и посветеноста мора да се на високо ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка, беше посочено од амбасадорката. Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на централната банка како гарант на макроекономската и финансиската стабилност, што е од особена важност за евоинтеграциските перспективи на земјата, а воедно и еден од основните предуслови за привлекување на странските инвеститори. Монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и кон јакнење на капацитетите и исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки“, истакна гувернерката.

На средбата се зборуваше за тековните макроекономски движења, во однос на очекувањата на Народната банка според есенските проекции. Притоа, беше посочено дека политиките и мерките применети во изминатите неколку години овозможија намалување на инфлацијата на 3,5% минатата година и очекувањата се дека инфлацијата и годинава постепено ќе се стабилизира. Сепак, ризиците постојат и потребно е водење внимателни макроекономски политики.

Реклама

На средбата на гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Џанел беше оценето дека од особено значење е зајакнувањето на натамошната соработка меѓу Народната банка и централната банка на Холандија, којашто е една од најсилните поддржувачи во постојаното унапредување на централнобанкарското работење, како и силен партнер во спроведување на голем број проекти кои се од големо значење за зацртаните политики на Народната банка. Исто така, на средбата беше изразена благодарност до Министерството за финансии на Холандија, со чија поддршка заедно со ОЕЦД, Народната банка и домашните финансиски регулатори ја изработија и првата Национална стратегија за финансиска едукација. Овој документ претставува рамка на активностите коишто ги преземаат регулаторите заради подобрување на финансиската писменост на населението, со што се подобрува ефективноста на нивното учество во финансискиот сектор, како и нивната заштита како потрошувачи имајќи на располагање повеќе и подобри информации.