Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Ангелов: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право

Лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов, остро реагираше во пресрет на денешниот протест што го најави ДУИ во поддршка на поранешните припадници на УЧК. Во објава на својот Фејсбук профил, Ангелов порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право, без разлика каде и кога тие злосторства биле сторени.

Тој нагласи дека тоа важи и за припадниците на УЧК кои, како што наведува, извршиле воени злосторства во Македонија во 2001 година, оценувајќи дека е апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право. Според Ангелов, злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели.

Ангелов во својата објава ги образложува и политичките мотиви зад протестот. Тој алармира дека целта на Али Ахмети и ДУИ е кревање меѓуетнички тензии за партијата повторно да се врати на власт.

Реклама

Тој посочи дека протестот нема реално да влијае врз одлуките на Специјализираниот суд во Хаг, што, според него, отвора сериозни прашања за скриената агенда зад неговото организирање.