Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

– На дигиталниот самит што ние го организираме оваа година во Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На дигиталниот самит што ние го организираме оваа година во Скопје, во октомври 2025 г., правиме напори да ја промовираме тест-верзијата или демоверзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

– Станува збор за еден голем проект што го најавивме и започнуваме со негова реализација. Беше потребно повеќе време затоа што станува збор за меѓународно партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, една од најбрзорастечките дигитални држави во светот затоа што имаше скок од над 50 места изминатата година, и држава која што веќе ја има оваа алатка во рамки на нивната мобилна апликација Diia, и заедно со програмата „Дигитална Европа“ од којашто добивме грант од над еден милион евра, изјави Андоновски.

На прашање во која фаза е проектот кај нас, Андоновски објасни дека поради интерни процедури во Европската Унија наместо во јануари 2025 почетокот е најавен за јуни 2025, на што додаде дека ние веќе ја имаме модел-верзијата на апликацијата и истата ја сподели во синоќешното гостување.

Реклама

– Ова се нарекува дигитален паричник, многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат спакувани во апликацијата, ќе може да ја покажете за да се легитимирате, а во соработка со МВР, со кое формираме работна група, ќе одиме и во втора фаза – на електронско потпишување, целосна биометриска верификација, но тоа ќе биде втора фаза на апликацијата во 2026 година, додаде министерот.

Анодновски рече и дека во првата фаза за граѓаните нема да има никакви трошоци. Во понатамошната фаза кога ќе бидат вклучени дигиталниот потпис, биометриската верификација, веќе може да се појавуваат некакви трошоци, но дека тоа останува дискусија која ќе се води кон крајот на 2026 година.