Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Андоновски во Будимпешта: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија.

На сесијата посветена на состојбата на дигиталниот развој, предизвиците и можностите на новите трендови, Андоновски истакна дека во Македонија дигиталната индустрија придонесува со над 5% во БДП, и дека оваа бројка оди во нагорна линија.

„Нашата цел е да го забрзаме овој раст со инвестирање во вештачка интелигенција, сајбер безбедност и дигитална инфраструктура, осигурувајќи дека секој граѓанин има пристап до брзи, сигурни и безбедни дигитални услуги. Гледајќи напред кон 2025 година, нашата следна пресвртница е да ги прошириме дигиталните владини услуги и да развиеме иницијативи за паметни градови, системи за дигитален идентитет и автоматизација на ВИ. Ние не сакаме само да бидеме во чекор со дигиталната револуција – сакаме Македонија да стане лидер во дигиталното управување во Западен Балкан“ изјави министерот Андоновски.

Реклама

Андоновски додаде и дека дигитализацијата не се простира само во рамки на државните граници, и затоа Македонија е посветена на регионална соработка во делот на Дигиталната агенда за Западен Балкан и усогласувањето со дигиталните политики на ЕУ.

„Со споделување на најдобрите практики, усогласување на регулативите и инвестирање во прекугранична инфраструктура, можеме колективно да ја забрзаме дигиталната трансформација низ земјите од Југоисточна Европа“.

Тој надополни и дека дигиталната трансформација мора да се изгради на три столба.

„Дигиталната трансформација мора да се изгради на три столба: поврзаност, сајбер безбедност и инклузивност. Ако ги обезбедиме сите три, ќе создадеме поконкурентна, поиновативна и поподготвена Македонија за иднината” заврши Андоновски.