Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната трансформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во видео обраќање објавено на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во видео обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил нагласува дека во 2025-та испорачале, а во 2026-та ќе се забрзува дигиталната траснформација на Македонија.

-Во 2026 година одиме чекор понатаму. Повеќе целосно дигитални постапки без хартија и без чекање. Везилка, националниот центар за вештачка интелигенција, владин центар за сајбер инциденти, обуки и дигитални вештини со школите на XXI век, инфраструктура и надградба на системите. Затоа што дигиталната трансформација не е ИТ проект. Тоа е реформа на државата, вели Андоновски во однос на плановите на Министерството во новата година. 

Андоновски нагласува дека 2025-та била година на испорака на дигиталната траснформација како реалност. Тој ги набројува и десетте политики кои Министерството ги има спроведено во текот на 2025 година.

Реклама

-Прво – електронски услуги, без шалтери достапни онлајн преку uslugi.gov.mk. Од ваучери за студенти до потврди за неосудуваност и државјанство. Над 250 илјади корисници. Второ – држава што се поврзува. Интероперабилност меѓу институциите, раст од 150 проценти на податоци кои се разменуваат автоматски, без граѓаните да бидат посредници на институциите. Трето – забрана за нелегални онлајн игри на среќа. Се бориме против овој модерен порок и забранивме над 200 нелегални сајтови. Четврто, безхартиена администрација. Електронски документ, менаџмент системкако стандард во јавниот сектор и 20 нови институции кои постојано го користат, наведува Андоновски. 

Поосчува дека петта спроведена политика е посилна сајбер безбедност со првиот Закон и стратегија – Заштита на системите и личните податоци како приоритет и 15 милиони евра поддршка од ЕУ како дел од реформската агенда. 

-Шесто, темели за дигитален идентитет. Подготовка на сигурна дигитална идентификација и дигитален паричник во супер апликацијата мУслуги. Седмо – општините како дел од дигиталната држава. Поголема интеграција на локалната самоуправа со националните платформи. Осмо – фокус на граѓанското општество. Стратегија за ИКТ развој во координација со сите засегнати страни. Деветто – поддршка на приватниот сектор. Дигитална трансформација преку Европскиот Дигитален Иновациски Хаб за малите и средните компании. Десетто – испирака, а не празни зборови. Политики преточени во функционални системи и реални резултати, вели Андоновски во видео обраќањето.

Министерот Андоновски на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желби за здравје, успех и напредок.