Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Андоновски: Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето – но луѓето што ја користат ќе ги заменат оние што не ја користат

Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние што не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побргу, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побргу, текстовите да се подготвуваат побргу.

Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, каде што учествуваше на јавната расправа посветена на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за подготвеноста на јавниот сектор за примена на вештачката интелигенција.

Министерот нагласи дека вештачката интелигенција е ресурс што може значително да ја подобри ефикасноста на институциите, но дека човечкиот фактор останува клучен, особено во делот на вредносните и етичките одлуки.

Реклама

Тој посочи дека во неговото министерство веќе се користат разни модели на вештачка интелигенција, но дека тоа не довело до укинување работни места, туку до побрзо и поефикасно извршување на задачите.

Андоновски истакна дека Владата има стратешки пристап кон развојот на технологијата преку вградување на вештачката интелигенција во националните стратешки документи и преку формирањето на Националниот центар за вештачка интелигенција, финансиран со државни средства и поддржан од Европската Унија и академската заедница. Како клучна активност ја посочи изработката на македонски јазичен модел, со кој ќе се обезбеди поголема прецизност при обработката на македонски текстови и контекст.

Прашан дали вештачката интелегенција може да ги замени финкционерите, како што има Албанија еден таков министер, Андоновски рече дека тоа е погрешен чекор и дека затоа што граѓаните гласаат за некого што има вредносен систем, што има политички профил, што треба да носи одлуки. 

– Сè уште сметам дека луѓето треба да ги водат овие процеси, особено во политиката – нагласи Андоновски.

Главниот државен ревизор Максим Ацевски го претстави ревизорскиот извештај, кој го опфаќа периодот 2019 – 2024 година и ги анализира институциите релевантни за развојот и употребата на вештачката интелигенција.

– Клучното прашање што го поставуваме е дали јавниот сектор е подготвен за примена на вештачката интелигенција. Во извештајот се анализирани стратешката рамка, законската основа, човечките ресурси и заштитата на личните податоци – истакна Ацевски.

Тој посочи дека во претходните години биле вложени речиси 6,1 милиони евра во 48 проекти поврзани со оваа технологија, но дека тие не биле имплементирани во јавниот сектор.

Ацевски оцени дека државата треба да воспостави јасен регистар на проекти, да инвестира во современ хардвер, обучување на кадарот и во други предуслови за ефективна примена на технологијата. Додаде дека јавната расправа придонесува за зголемување на свеста за значењето на вештачката интелигенција и за унапредување на услугите што институциите ги даваат на граѓаните.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: