Реклама

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Македонија

Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10“ на Телевизија 24,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10“ на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.

„Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни, детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа.“ изјави Андоновски

Министерот посочи и дека министерството за дигитална трансформација работело на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, внимавајќи да не си упаднат во надлежностите едни на други.

Реклама

„Ги известивме глобалните приредувачи на игри на среќа кои што не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работевме на измени на законот, гледавме да не упаднеме во надлежностите на министерството за финансии, УЈП и државната лотарија и заедно со нив стигнавме до законско решение кое што помина на Влада, а по 7 дена е влезено собраниска процедура и очекувам да помине на комисијата за дигитална трансформација. “ надополни министерот Андоновски

Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат достапност до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени.

„Станува збор за измени на закон кој што не се од политичка природа и се надевам дека сите пратеници од било која политичка партија ќе ги поддржат, бидејќи навистина е начин како да спречиме нашите млади тинејџери да играат онлајн игри на среќа и да ги споделуваат лични информации онлајн кои што не знаеме каде одат“, заклучи Андоновски