Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Андоновски: „Роаминг како дома со ЕУ“ за граѓаните е голема придобивка од заедничкиот пазар

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува годинава да се заокружи процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува годинава да се заокружи процесот за „Роаминг како дома“ со ЕУ и смета дека почнатите активности во меѓувреме ќе ги мотивираат телеком операторите да им излезат во пресрет на граѓаните со трошоците при патување во странство.

– Минатата година имаше определено поместување кај еден од телеком операторите со надолно регулирање на цените во роаминг, кај другиот оператор имаше други политки, попусти или дополнителни погодности, така што мислам дека ова ќе ги мотивира телеком операторите. Имаме добра соработка со нив, но овој дел, поддршка на граѓаните или помош на граѓаните кога патуваат навистина не е голема сума за нив, а за граѓаните е голема погодност да не мора да вадат нова сим картичка туку едноставо да го активираат пакетот од некој од домашните оператори, рече Андоновски за време на гостувањето во една од националните телевизии.

Говорејќи за придобивките оцени дека Роаминг како дома е едно ниво подолу од визната либерализација и голема придобивка за граѓаните.

Реклама

– Во време на дигитализација да им дозволите на сопствените граѓани слободно да патуваат и притоа да не треба да трчаат до трафика да најдат сим картичка или да бараат која сим картичка е прифатена во таа држава, да плаќаат дополнителни трошоци или да имаат скриени трошоци кај своите домашни телеком оператори ако некој случјано им заѕвони на телефонот а се некаде во Европа  е навистина нешто што е придобивка од заедничкиот пазар,  посочи Андоновски. 

Според него, ако постоел притисок од регионот и од Македонија порано ќе сме го фателе рокот и со Украина и со Молдавија“. 

-Процесот доби на динамика кога побара Украина, заради миграцијата од војната, но кога ќе ги исполните условите дома многу е лесно да лобирате, рече Андоновски.

Тој вели дека е неблагодарно да кажува рокови за завршување на преговорите и да се ефектуира одлуката за „Сурфај како дома“ и повтори дека државава ќе ги исполни своите обврски до средината на март само ако добиеме позитовен одговор од ЕУ дека законот е добар и законодавството е добро транспонирани.

– Потоа вегуваме во преговори, ќе зависи и од ЕУ, од институциите во Европската Комисија но и од земјите членки кога ќе го завршат процесот, но да бидам оптимист дека годинава можеме да го заокружиме овој процес, наведе Андоновски.