Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Андоновски: Порталот uslugi.gov.mk е прв шалтер на кој се добиваат сите услуги во државата

Министерството за дигитална трансформација беше заборавено седум години, почнавме од минус, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација беше заборавено седум години, почнавме од минус, а не од нула затоа што последен проект што се паметеше беше „Компјутер за секое дете“. Сега го имаме порталот uslugi.gov.mk како прв шалтер на кој се добиваат сите услуги во државата, со амбиција нивниот број да се зголемува и нив да ги користат што повеќе граѓани.

Ова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп „Економски раст и дигитална трансформација“ го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој соопшти дека кога пред една година влегол во Министерството, порталот месечно го користеле само 900 граѓани, а минатиот месец имало 6100 корисници.

-Значи, почнуваат да го препознаваат за  добивање изводи, државјанства, потврди за неосудуваност,  документи од катастар… Нашата амбиција е за граѓаните да бидат достапни најпотребните услуги, истакна Андоновски.

Реклама

За да им се доближат е-услугите, се отвораат и центри за услуги, има три такви – во Јегуновце, Штип и Аеродром, најави уште десет до крајот на годинава. Следни ќе бидат во Кавадарци Неготино и Свети Николе, а до крајот на летото се планира и во Прилеп, со цел граѓаните да добијат олеснет начин на услуги. Андоновски нагласи дека со дигитализацијата на услугите се сузбива корупцијата и му се помага на бизнисот.

Министерот соопшти дека се зголемува и бројот на институции кои се вклучуваат во Платформата за интерoперабилност. Се осврна и на законите и стратегијата за сајбер-безбедност, како и за преземените мерки за справување со нелегалното онлајн коцкање.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: