Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, кој е дел од Владината делегација на Стратешкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, кој е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, изјави дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза.

-Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува важен столб во унапредувањето на националната дигитална и сајбер-отпорност и силна поддршка за реформските процеси во оваа област – заклучи Андоновски.

Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.

Реклама

Андоновски, како што информираат од неговиот Кабинет, во рамки на дијалогот, ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во делот на сајбер-безбедноста, преку поддршка за развој на институционалните капацитети, проценка и унапредување на заштитата на критичната дигитална инфраструктура, како и понатамошна соработка со доверливи меѓународни партнери.

Според информациите од Стратешкиот дијалог, се предвидува продлабочена експертска и техничка соработка со релевантни американски институции, со цел унапредување на националните способности за превенција, детекција и одговор на сајбер-закани, како и поддршка во процесите на стратешко планирање и модернизација на безбедносните системи.

Андоновски посочува дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза.

-Оваа соработка е во целосна согласност со стратешките приоритети на Владата и Министерството за дигитална трансформација, вклучително и имплементацијата на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028, како и усогласувањето со европските стандарди и директиви – изјави Андоновски по сесијата.

Министерството за дигитална трансформација, се вели во соопштението, останува посветено на изградба на сигурна, отпорна и доверлива дигитална инфраструктура, како предуслов за ефикасни јавни услуги, заштита на институциите и зајакнување на довербата на граѓаните.