Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Андоновски од Делчево: Интересот кај граѓаните за користење на електронските услуги зголемен судумкратно

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изврши увид во реконструкцијата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изврши увид во реконструкцијата и реновирањето на новиот Центар за услуги во Делчево, кој се наоѓа на позната локација во центарот на градот. Министерството,  рече тој, останува посветено да ги доближи електронските услуги до секој граѓанин, особено до оние кои немаат дигитални вештини или пристап до компјутери и интернет.

-Нашата цел е секој граѓанин да може лесно да пристапи до услугите на Порталот на Министерството за дигитална трансформација. Центарот во Делчево ќе биде место каде граѓаните ќе добијат поддршка и знаење како да пристапат до потребните услуги, изјави Андоновски.

Тој нагласи дека отворањето на Центарот се очекува во септември, а граѓаните ќе можат да користат сите услуги кои им се потребни, директно на едно место.

Реклама

Во новиот Центар ќе бидат достапни повеќе од 300 услуги, меѓу кои уверение за државјанство, имотен лист, потврди за стаж од Пензискиот фонд, услуги од Агенцијата за вработување и други електронски услуги на државните институции. 

-Во моментов, на Порталот се достапни 200 услуги, што претставува значителен раст во споредба со претходните услуги. Граѓаните покажуваат голем интерес за дигитализацијата на услугите, што е охрабрувачки за нас, додаде министерот.

Тој потенцира дека интересот за користење на Порталот значително се зголемил – од 1000 корисници месечно, сега бројката достигнува 7.400, што претставува зголемување за седум и пол пати. Министерот Андоновски посочи дека и покрај предизвиците како дигиталната писменост, обуката на институциите и нивната подготвеност за дигитализација, соработката со најголемите институции во државата резултира со значајни резултати.

Покрај Делчево, Министерството планира отворање на центри за услуги и во други градови, меѓу кои Свети Николе, Крушево и Неготино.

-Со Општина Делчево ќе работиме на популаризација на Порталот и услугите, за да се осигура дека граѓаните ќе имаат пристап до сите услуги кои им се потребни. Идејата за овој центар потекнува од иницијативата на советникот Иван (Гоцевски) во Советот на општината, кој апелираше дека Делчево мора да има ваков центар за услуги, заклучи Андоновски.