Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Андоновски: Градиме дигитална држава со интернет по пристапни цени, безбеден и достапен за секого

Со свое поздравно обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свое поздравно обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја отвори конференцијата организирана по повод 20-годишнината на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на која присуствуваа претставници од Владата, BEREC, ITU, како и домашни и меѓународни партнери.

“Денес, со гордост се осврнуваме на 20-годишната национална регулаторна работа што помогна во обликувањето на отворен, конкурентен и поврзан пазар на комуникации во Македонија. Она што започна како директорат во рамките на Министерството за транспорт, денес е целосно независен регулатор – AEК- кој беше водилка на нашата дигитална транзиција, особено во приватниот сектор, со јасност и цел,” изјави Андоновски

Осврнувајќи се и на глобалната перспектива, министерот го одбележа и 160-годишниот јубилеј на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), потенцирајќи ја нејзината историска улога – од телеграфските кабли до протоколи за вештачка интелигенција.

Реклама

“Но, она што мора да го направиме следно во Македонија, нашиот одговор е јасен: градиме дигитална држава која е интероперабилна, безбедна и подготвена за бизнис, тоа значи, национална платформа за интероперабилност каде што над 60 институции – и за прв пат, десетици приватни компании – разменуваат податоци во реално време. Партнерството со АЕК кое спречува нелегално онлајн коцкање, процес кој успешно го инициравме и продолжуваме да го следиме. И визија за дигитална инфраструктура која е модерна, меѓусебно поврзана, безбедна и достапна,” додаде министерот

Во своите завршни зборови, тој истакна дека дигиталната трансформација не е одржлива без силни, независни и регулатори подготвени за иднината – оние кои го штитат и пристапот и иновациите, и конкуренцијата и соработката. “Затоа што дигиталната иднина не е неизбежна и дека истата се гради- одлука по одлука, стандард по стандард, партнерство по партнерство. За луѓето што ги претставуваме, а кои го гледаат пристапниот интернет и поврзаноста како столб за нивниот личен раст, образование, амбиции и соништа,” заклучи Андоновски.