Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Андоновски: Ги повикувам младите да се регистрираат на порталот uslugi.gov.mk за да аплицираат за ваучер

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, зборуваше за новата владина мерка –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, зборуваше за новата владина мерка – ваучери за електронски уреди за студенти.

– Ја користам оваа прилика да ги повикам младите да се регистрираат на националниот портал uslugi.gov.mk, сеуште не е започнато аплицирањето за ваучерите, но да си направат свој профил за потоа да можат лесно, од дома, да аплицираат за ваучер, истакна Андоновски.

Андоновски објасни дека оваа мерка премиерот ја најави пред 10 месеци, но минатата година беше предоцна за да се предвиди во буџетот. Оваа година, по направените подготовки од страна на Владата, средствата се предвидени во буџетот и веднаш се започнува со нејзина реализација.

Реклама

– Над 50 милиони евра ќе бидат распределени за ваучери за електронски уреди за студенти, ова е дигитализација во пракса затоа што не може само да дигитализираме услуги туку треба и да им овозможиме алатки на младите и да ја подигнеме дигиталната писменост, додаде Министерот.

Министерот во своето гостување потенцираше дека владата реализира низа мерки и проекти во кои главен фокус се младите, нагласувајќи ја отвореноста на институциите кон младите.

– Досега немаше ниту една мерка од ваков вид за младите. Во исто време, Владата вработува млади специјализанти во здравството, ангажира млади луѓе во одбраната, а во нашето министерство ни се приклучи нова група млади луѓе. На тој начин ги отвораме институциите кои се клучни за граѓаните кон младите. Во мојот домен овозможуваме бесплатни интернет-зони, со фокус на студентските домови и овој проект го започнуваме од Битола, заврши министерот Андоновски.