Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Андоновски: Донесувањето на пакетот закони од реформската агенда е сериозен зафат за дигиталната трансформација

По донесувањето на пакетот закони за дигитална трансформација од реформската агенда во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По донесувањето на пакетот закони за дигитална трансформација од реформската агенда во Собранието, Андоновски истакна дека тоа е сериозен зафат и оти по темелна дискусија се донесени квалитетни законски решенија на ниво на Европа и усогласени со легислативата на ЕУ за дигитална трансформација.

-Иако можеби делува лесно да се напише закон, но, кога за прв пат носите закон за сајбер безбедност, и тоа го прави министерство кое е штотуку формирано и треба да донесе безброј интерни документи, е навистина сериозен зафат да изготвите ваков пакет на реформски закони. Особено затоа што поминаа многу темелна дебата и дискусија и со коморите и со невладиниот сектор, па и со опозицијата. Навистина им честитам на тимот од Министерството за дигитална трансформација и на нашите меѓународни партнери кои беа со нас во подготовка на овие пакет решенија, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој додаде и дека четирите закони се целосно усогласени со Европската Унија и ги поставуваат темелите на кој ќе се движиме во иднина.

Реклама

„Станува збор за закони кои што се на ниво на она што го носи Европската Унија. Не следиме патека, туку заедно со ЕУ креираме политики во делот на дигиталната трансформација. Овие законски решенија ги поставуваат темелите на кои ќе се движиме во иднина.” Посочи министерот и додаде, “донесени се четири закони -нов Закон за електронски комуникации, целосно усогласен со мислењето на Уставниот суд, нов Закон за сајбер безбедност, измени и дополнувања на Законот за електронски документи, измени и дополнувања на Законот за архивска дејност, кој овозможува електронски документи во институциите – што значи електронска архива и споделување на документи помеѓу институциите, заврши министерот Андоновски.

Андоновски најави дека на Самитот на Западен Балкан за дигитализација што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје ќе биде претставена македонската супер апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден електронскиот облик на овие документи ќе биде тест верзија и ќе може секој граѓанин да ја симне.