Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија

Германско-македонскиот бизнис самит е настан кој веќе прераснува во важна платформа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германско-македонскиот бизнис самит е настан кој веќе прераснува во важна платформа за економски дијалог, нови партнерства и теми кои се суштински за иднината на нашата економија, но и на нашето стратешко македонско-германско партнерство, рече попладнево министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Германско–македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора и Македонско-германското стопанско здружение.

Тој истакна дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, туку економска мерка која директно влијае врз конкурентноста, инвестициите, продуктивноста и довербата во институциите.

– Дигитализацијата не треба да ја гледаме како цел сама по себе. Таа е алатка за подобра држава и поконкурентна економија, рече Андоновски. 

Реклама

Тој нагласи дека целта на Министерството за дигитална трансформација е државата да стане побрза, подостапна и посигурна, а јавните услуги да не го забавуваат бизнисот, туку да го поддржуваат неговиот развој. Во фокусот на обраќањето беа три клучни столба: Националниот портал за услуги, интероперабилноста и кибер безбедноста. 

Говорејќи за Националниот портал за услуги — uslugi.gov.mk, министерот истакна дека тој претставува една од клучните точки преку кои дигитализацијата станува директно видлива и достапна за граѓаните и компаниите. Во изминатите две години, дигитализирани се околу 200 нови електронски услуги, отворени се 13 нови центри за услуги ширум државата, а обезбедена е и законска валидност на електронските документи издадени преку Националниот портал, еднаква со хартиените документи.

– Кога зборуваме за Националниот портал за услуги, не зборуваме само за веб-страница. Зборуваме за деловна инфраструктура и за нов начин на комуникација меѓу државата, граѓаните и економијата, рече Андоновски.

Тој се осврна и на интероперабилноста, која овозможува институциите и корисниците на платформата да разменуваат податоци безбедно, стандардизирано и законито. Тој нагласи дека целта е „податоците да се движат, а не луѓето“, со што се намалуваат административните трошоци и се забрзуваат процедурите за компаниите. Говорејќи за кибер безбедноста, Андоновски посочи дека таа е предуслов за доверба во дигиталните услуги, заштита на податоците и отпорност на економијата. 

– Дигитализацијата и кибер безбедноста мора да одат заедно. Дигиталните услуги немаат вредност ако граѓаните и компаниите не веруваат дека системите се сигурни, нагласи министерот.

На крајот, Андоновски истакна дека германско-македонската економска соработка е пример за важноста на довербата, стандардите и долгорочната визија, додавајќи дека бизнис-заедницата е клучен партнер во следната фаза на дигиталната трансформација.

Во рамки на настанот Андоновски беше дел и од панел дискусија на која се зборуваше за идните планови и цели кои сака да ги постигне Македонија во делот на дигиталната трансформација.