Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Андоновски: Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со смртта на детето од Кавадарци

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски утрово потврди, дека денеска ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски утрово потврди, дека денеска ќе го потпише решението за формирање комисија за стручен надзор при МЗ, во врска со детето од Кавадарци кое почина пред неколку дена.

-Докторите се повикани за веднаш да почнат со работа, подвлече Андовски.

Во петокот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат рекоа дека при инспекциските надзори, не се констатирани недостатоци од надлежност на ДСЗИ, во врска со починатото тригодишно дете.

Реклама

Притоа, појаснија дека биле извршени вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи, со цел да се следи патот на лекување на детето. Извршени биле надзори во ПЗУ Ординација по општа медицина Целзус Нова во Кавадарци, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци и во ЈЗУ УК за детски болести – Скопје.

Оттаму потсетија дека директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, формирал Комисија во состав од тројца доктори, за утврдување на материјална одговорност на здравствени работници кои учествувале во лекувањето на пациентот. Во тек било изготвување на извештај.

Претходно, родителите на детето, ги повикаа надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со овој случај.

Како што соопштија тогаш од полицијата, тригодишното дете било починато донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.