Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност од 800.000 евра да се најдат на црн пазар на една соседна држава

Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава. Иако пченицата постоела и била употреблива, Димковски и уште 4 лица направиле записник во кој напишале дека има помалку 2000 тони јачмен и пченица, а овој записник, Заев, Филипче и Николовски, без никакви проверки го заклучиле на владина седница, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа постапка, се поставува прашањето дали Заев, Филипче и Николовски биле свесни за криминалот што се случувал во Агенцијата за стокови резерви? Дали Димковски за овој криминал кој е проценет на близу 800.000 евра, добил дозвола и насока од страна на Заев, Филипче и Николовски? Дали ова трио, добило еднаков процент и затоа сега Димковски ќе лежи за овие тројца? Затоа ли од страна на СДС, толку се гласни за земјоделството, затоа што знаат каков криминал имаат направено? Владеењето на СДС со државата изобилува со криминални и коруптивни методи. Наместо државата да има стокови резерви, тие најверојатно завршувале на црните пазари во една соседна држава, продавајќи ги за енормно повисоки цени. Наместо парите да ги вратеа кај граѓаните и земјоделците, тие си ги пикнаа во џеб, рече таа.

„Правда и одговорност мора да има и од првиот ешалон на тогашната власт“, вели Андоновска.