Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

„АНБ“ за првпат објави јавен оглас за вработување

Агенцијата за национална безбедност за првпат од своето основање, објави јавен оглас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за национална безбедност за првпат од своето основање, објави јавен оглас за вработување, отворајќи ја вратата за сите компетентни и мотивирани граѓани. Сите кои сакаат, можат да бидат дел од институција со клучно значење за безбедноста и стабилноста на државата.

Јавниот оглас на АНБ е за вработување на осум инспектори-инженери на неопределено време. Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено факултет од областа на информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство и најмалку четири години работно искуство.

Кандидатите, меѓу другите услови кои треба да ги исполнат, треба да дадат согласност и за полиграфско тестирање. За кандидатот кој ќе одбие полиграфско тестирање, се смета дека не ги исполнува условите за работен однос.