Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Аналитичари: Внимателнао да се „игра“ со Бугарија, компромис да, но со гаранции

Компромис – ДА , но НЕ без гаранции.По ставот на премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компромис – ДА , но НЕ без гаранции.
По ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прифаќа решенија без гаранции, аналитичарите предупредуваат дека без јасна рамка, секој договор може да донесе нови барања од Бугарија.

Премиерот порача дека државата останува посветена на дијалог и европскиот пат, но без прифаќање на решенија кои немаат јасен исход. Според него, досегашното искуство со Бугарија покажало дека секој направен чекор често носел нови условувања.

Во таа насока, аналитичарите оценуваат дека компромисите мора да бидат внимателно поставени, со јасно дефинирани граници, особено кога станува збор за идентитетските прашања, каде притисоците од Бугарија, како што велат, се најизразени.

Реклама

Време е да ги направиме, да ги направиме компромиси и време е да си ги поставиме нашите, да кажеме, интереси, или нашите, да кажеме, црвени линии. Ние сме држава, сериозна држава, што беше, да кажеме, жртва на многу моменти од оцени, од барања, што се безвезе. Ова што се случува моментално, особено во делот на идентитетот и ова, многу, да кажам, сега зборот како злоупотребено или употребено на многу лош начин од страната на Бугарија.
Секако дека премиерот добро настапи во делот дека ние, еве до сега, треба да добиваме некој вид на гаранција или да добиваме некој вид на вистински план за да не правиме тука сега промени, па после ќе се појават и уште 10 барања плус
, вели за Алфа, Раби Седрак:- институт за меѓународни стратгиски и безбедносни студии

.Мицкоски во интервјуто нагласи дека фокусот на Владата останува на реформите, кои, како што посочи, се клучни за напредокот на државата и не зависат од надворешни фактори.

Но паралелно, останува и дилемата дали и по исполнување на условите, процесот ќе продолжи без нови блокади, имајќи ги предвид примерите кога Бугарија блокира и прашања кои не се директно поврзани со уставните измени.

Аналитичарите предупредуваат дека токму ваквите чекори ја зголемуваат недовербата и создаваат перцепција дека условите не се конечни, туку се менуваат со текот на процесот.

Од другата страна, во делот на нашата, да кажеме, домашност што треба да го направиме, ние имаме одреден пакет или групи на реформи што треба да ги работиме и да ги спроведуваме, ние без разлика на исходите, без разлика на барањата од другата држава, ние си го работиме нашето домашно, ние напредуваме во нашите реформи, ги правиме, ги работиме и си го средуваме нашиот двор. Меѓувреме, овие барања што се носат, во духот на европските вредности, секогаш ќе ни гледаат од страна на Бугарија, дека ние сме втор бугарски народ или втор дел од народ и затоа ние ова не треба да го пропуштиме, треба да се држиме до нашата линија и теза и да бараме паралелно заедничко решение на тоа, но никако да не биде предмет на оцена, вели Раби Седрак:- институт за меѓународни стратгиски и безбедносни студии.

Дополнително, според дел аналитичарите, постои ризик од постепено проширување на барањата, при што секој нов компромис може да отвори простор за нови условувања, особено ако не постои јасна рамка и гаранции од европските партнери. Тоа може да се заклучи и од 100те амандмани поднесени на извештајот за Македонија во ЕП, од страна на бугарските европратеници. А исто така и формирањето на нова влада во Бугарија од страна на Радев кој неколку пати кажа дека ставањето на бугари во Устав е само преелиминарен услов за тргање на бугарското вето.