Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Економија

Аналитичари: Ветувањата на опозицијата реални

Ветувањата на опозицијата се реални, но треба работа и волја за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветувањата на опозицијата се реални, но треба работа и волја за да се остварат. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги претстави мерките со кои ќе „лови“ гласови на претстојните избори, дел од аналитичарите сметаат дека искуството покажало дека овие ветувања можат да се исполнат во мандат од 4 години. Мерките вклучуваат зголемување на просечната плата за 25, на пензиите за 20% и пад на невработеноста на под 10 отсто.

Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека поголемата излезност на изборите, и оди во прилог на опозицијата. На власта, пак, ќе и било потешко да ги освои симпатиите на гласачите. Владата не реализираше бројни ветувања, како на пример просечна плата од 500 евра, минималец од 16.000 денари, економски раст од 5%.

Опозицијата ветува дека не само што ќе го задржи рамниот данок, туку и ќе го намали на 8%. Според нив, сосема е остварлив економски раст од 4% годишно и 90% реализација на капиталните инвестиции. Токму изградбата на патишта, болници, училишта и други клучни проекти жестоко се критикуваше изминатите децении без разлика кој беше на власт.

Реклама

За рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ, дури и сегашната власт призна дека е подобро решение и води кон подобра наплата на даноците, откако направи неуспешен маневар со прогресивниот данок.

Во изминатите 10 години, просечната плата од 20.300 денари порасна на 22.900 на средина на 2017-та кога се смени власта и достигна 25.700 денари. Невработеноста, пак, од 33,5% во 2010-та се намали на 22% во јуни 2017-та, а сега изнесува 17%.

И покрај позитивните бројки, граѓаните сметаат дека без разлика кој е на власт, развојот е бавен и недоволен, а голем број млади се уште среќата си ја бараат во некоја од странските земји со повисок животен стандард.

Тања Попова