Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Аналитичари: „Џафери премиер“ е само формалност, ДУИ со години ги држи политичките конци, а СДСМ е само марионета

Седнувањето на Талат Џафери во премиерското столче е само формалност. И досега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Прво јас сега ќе ви кажам како ќе биде.. – Како и досега..“ му суфлираше Ахмети на Ковачевски.

Седнувањето на Талат Џафери во премиерското столче е само формалност. И досега владејачката коалиција како да беше предводена од ДУИ, а СДСМ се однесуваше како помал коалициски партнер и ги следеше нивните насоки, ги исплонуваше нивните барања и желби.

Рече – порече: уцени и наредби од ДУИ, послушност и потчинетост од СДСМ е начин на функционирање на владината коалиција подолг период . Најголемата партија во владината коалиција, неколку пати ги погази своите ставови откако за Интегративците прифатлива беше спротивната опција.

  • СДСМ, подолг период е една партија што се распаѓа како кула од карти, некогаш побрзо, некогаш поспоро. Сведоци сме дека во минатото имаше превирања, имаше поделби, де скопска група де ваква група, не селјаци не градски. И во еден актуелен сооднос СДСМ –ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ го тепа СДСМ 100 – нула. И соочени со тоа, во сооднос тие две партии, нема друг избор освен својата кула од карти да ја поткрепи со нов шпил од карти а тоа е ДУИ. ДУИ во моментов е кичмата на СДСМ, да не се изгуби тотално, да не биде тоа катастрофа и реално и објективно, би можела да се случи во сооднос СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ“ вели Агим Јонуз, политички аналитичар.

Со само 13 пратеници, 11,48 проценти од гласовите и точно 104.699 гласови, ДУИ е партијата која што во свои раце ги држеи клучни ресори во државата. СДСМ, иако со тројно повеќе гласови и тројно повеќе пратеници, со министерството за надворешни, за образование, економија и финансии, раководи ДУИ за кого беше измислена дури и нова позиција во Владата, прв вицепремиер, функција која ја доби Артан Груби, кој управува и со Министерството за односи меѓу заедниците.

Реклама
  • Ако се земе во предвид дека и на албанската политичка сцена, трагично е да се дели но тоа е што е, дека и на ДУИ ќе им гори под нозе со таа веќе сериозна опозиција, а единствениот спас за двајцата давеници, СДСМ и ДУИ, е рака за рака како во филмот Титаник, Леонардо Ди Каприо и таа девојката, за да не потонат“ вели Агим Јонуз, политички аналитичар.

За Ковачевски не прифатливо беше во техничката влада да бидат министерите од ВМРО-ДПМНЕ, но Џафери ги прифати. Истото беше и кога социјал-демократите не сакаа да има претседателски и парламентарни избори во ист ден.

  • „Прво јас сега ќе ви кажам како ќе биде.. – Како и досега..“ му суфлираше Ахмети на Ковачевски.