Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Аналатичари: Техничката Влада дава лоша слика за државата, време е да се укине

На Македонија не и треба техничка влада за да спроведе фер и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија не и треба техничка влада за да спроведе фер и демократски избори . Тоа го покажуваат последните три изборни циклуси за градоначалници и совет, како и двата последователни избори за Претседател на Македонија , кои покажаа дека волја на гласачите не зависи од Владата која ги организира. Ова е размислувањето на дел од аналитичарите кои сметаат дека позитивните извештаи од меѓународните набљудувачи, но и признавањето на резултатите од сите чинители се добар показател дека било која Влада има кредибилитет да спроведе фер избори. Дполнително, за кредибилитетот на процесот придонесоа и последните имзени во изборниот законик каде што политичките партии се договорија и воведоа биометриска евиденција на гласачите.

  •  

Ако се размислува за укинување на Техничката Влада не е лоша опција. Треба паралелно со тоа да се стегнат можностите за злоупотреба на владиниот апарат. Некои од тие ограничувања веќе се предвидени во изборниот законик, но може да се зголемат со не може да се даваат субвенции за земјоделие последните шест месеци пред избори, да не може да се распишуваат нови тендери, да не може да се зголемуваат плати и пензии итн. Така што, да за уникување на Техничката Влада, но паралелно со намалување на можноста за злоупотреба на државниот апарат, рече Петар Арсовски, аналитичар.

И познавачот на политичките состојби во Македонија, новинарот Цветин Чилиманов го дели истото мислење. И тој смета дека техничката Влада дава лоша слика за државата и конечно треба да замине во истроријата.

Реклама

Остана да виси како решение кое што дава сигнал дека нешто не е во ред со државата, дека ние немаме контролни механизми, немаме нормална поделба на валста и да функционираме како нормална демократска  држава за да се уште имаме вакви решенија. Би се укинало ова решение за да престане веќе и во 2030 година, Македонија да има вакви елементи на недовршеност, некадарност, неподготвеност, изјави поранешниот новинар Цветин Чилиманов.

Пржинската Влада како модел беше воведена за парламентарните избори во 2016 година, откако претходно на локалните избори во 2013 година и на парламентарните избори во 2014 година се појави недоверба во изборниот процес од страна на тогашната опзиција СДСМ. Тие ја обвинуваа власта дека манипулирала со изборната волја на гласачите, кормупирала итн, па за да се тргне овој сомнеж се донесе соломонско решение во Пржино, со посредство на Брисел, за составување Влада која ќе има обврска да ги организира и спроведе следните избори за да се зачува кредибилитетот и да се врати довербата кај народот од резултатите. Иако како решение беше предвидено да биде привремено само во тој период, остана до сега.