Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ана Павловска-Данева е новиот предлог на СДСМ за уставен судија

Ана Павловска Данева влегува во игра, откако Љубомир Јовески извиси за уставен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ана Павловска Данева влегува во игра, откако Љубомир Јовески извиси за уставен судија. Професорката од правниот факултет е новиот предлог на владејачката СДСМ за да се пополни тимот на Добрила Кацарска во Уставниот суд.

Откако Јовески ги исполнил сите политичките барања на владејчкото мнозинство , опозициските пратеници очекувале објаснување зошто екс-републичкиот обвинител не заслужува да стане уставен судија. Критикуваат и дека власта во заминување не се откажува да ги партизира правосудните институции. 

  • „Ако вчера, без никакво објаснување само имавме Комисија која што траеше само 15 минути, и по година и половина дебата, на недовршена листа на говорници кои што беа пријавени за збор, да разговараат зошто тој господин не ни требаше да се случи како кандидат, ја повлеговте неговата кандидатура, тогаш какви практични аргументи имаат кандидатите кои што ќе дојдат од ова мнозинство за да ги пополнат местата во Уставниот суд “вели Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
  • „Колешке не сметам дека денес кога Владата е во оставка, вие треба упорно да продолжите со партизирање на институциите, не сметам дека не треба да зборуваме за нов уставен судија, кога вчера низ вода го пуштивте Љубомир Јовески го пуштивте низ вода, оној кој што ние цела година зборувавме дека не треба да стане уставен судија “вели Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ана Павловска-Данева е редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“, а држи настава и на Акдемијата за судии и јавни обвинители. Своевремено Павловска Данева беше дел од највисоките структури на СДСМ, беше пратеник и потпретседател на партијата во времето кога Бранко Црвенковски ја водеше партијата од Бихаќка. По доаѓањето на Заев, се дистанцираше, а не ретко јавно ги критикуваше потезите на СДСМ.

Реклама

Професроката не сака да ја коментира кандидатурата, но за Алфа вели за секој правник голема е честа да биде предложен за уставен судија.

  • Постапката е на самиот почеток, неблагодарно е било што да прејудицирам. Единствено што можам да изјавам е дека за секој правник е голема  чест да биде предложен за судија на Уставен суд, а самиот избор  на таа функција е огромна одговорност“ вели професорката Ана Павловска Данева.

Чекањето од година ипол не му се исплати на Љубомир Јовески бидејќи СДСМ вчера го повлече од предлог за уставен судија, а според него недостасувало образложение бидејќи му била нанесена штета.