Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Амбасадорот на Казахстан во посета на Охрид, најавено отворање на почесен конзулат

– Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид.

На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период.

Во рамки на разговорите било најавено отворање на Почесен конзулат на Казахстан во Охрид. Двете страни го поздравиле и тековниот процес за потпишување на билатерален договор за соработка во областа на туризмот меѓу Македонија и Казахстан, со кој дополнително би се унапредиле врските меѓу двете земји.

Реклама

Казахстан е деветта по големина земја во светот, со богато историско наследство, пространи степски предели и динамичен современ развој.