Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во земјава во посета на Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски денеска беше домаќин на амбасадор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски денеска беше домаќин на амбасадор на БиХ во земјава Драган Јаќимовиќ.

-Средбата се одвиваше во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, со јасна порака дека локалната и регионалната соработка создава најконкретни резултати. Веќе воспоставената соработка со Сребреник ја гледам како одличен пример за искрено пријателство, изградено врз доверба и взаемно почитување, силен темел за нови иницијативи и пошироко поврзување со општини од Босна и Херцеговина. Крива Паланка останува посветена на практична и долгорочна соработка преку видливи и одржливи проекти, кои ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните и ќе придонесат кон стабилност и развој на регионот, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка и Град Сребреник, Босна и Херцеговина во 2023 година потпишаа повелаба за пријателство и соработка, прв чекор кон збратимување на градовите, а истата свечено беше потпишана од страна на градоначалниците Аднан Бјелиќ и Сашко Митовски.

Реклама

Оттогаш до денес, реализирани се повеќе посети на двете страни, вклучително и соработката од областа на културата, отпочната со иницијалната соработка со младиот музички талент, Ајдин Османовиќ и неговиот професор и ментор Јасмин Брашњиќ.