Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Алумни-асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Под мотото „Лидерство. Пријателство. Влијание“, Алумни-асоцијацијата на Школата за лидери на поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Лидерство. Пријателство. Влијание“, Алумни-асоцијацијата на Школата за лидери на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов – ИСЛАА (Ivanov School of Leaders – Alumni Association) одбележа 15 години од основањето, со свечен настан кој ги обедини алумнистите, поддржувачите и пријателите.

ИСЛАА соопшти дека во изминатите петнаесет години прераснала во влијателна заедница од над 600 алумнисти од земјата и од светот.

-Денес гледаме заедница од стотици алумнисти кои делуваат во различни сфери, државни институции, бизнис, граѓанско општество, образование, иновации и медиуми. Тоа се луѓе кои не само што се развиваа индивидуално, туку придонесуваат во развојот на општеството и во создавањето нови генерации лидери. Ова е вистинската вредност на Школата и на Алумни-асоцијацијата, истакна во своето обраќање основачот на Школата за млади лидери, Ѓорге Иванов. 

Реклама

Осврнувајќи се на значењето на заедницата и улогата на секој алумнист во нејзиното градење, се наведува во соопштението, претседателката на ИСЛАА, Анастасија Илиевска, истакна дека јубилејот што го одбележуваат е јубилеј за секој од нив.

-Без разлика дали сте дел од оваа приказна една година, пет или сите 15. Затоа што ИСЛАА е мрежа на луѓе, сите наши приказни, испреплетени и различни, но поврзани со една иста мисија и визија: да ја направиме Македонија и светот подобро место за живеење, истакна Илиевска. 

Јубилејниот настан беше можност да се оддаде признание на поединци и организации кои имаат значаен придонес во развојот на Школата и ИСЛАА.

Извршниот одбор на ИСЛАА додели плакета за особен придонес на основачот на Школата за млади лидери, претседателот Ѓорге Иванов, за неговата визија и за поставувањето на темелите врз кои се изградени генерации лидери.

Посебно признание му беше доделено на Даниел Ѓокески, првиот претседател на ИСЛАА, за неговата улога во поставувањето на организациските темели и развојот на асоцијацијата.

Ккао што информира ИСЛАА, плакети им беа доделени и на истакнатите алумнисти, министерот Стефан Андоновски и шефот на кабинет на министерката за финансии, Катерина Антовска, за нивниот придонес во општеството.

Признанија им беа доделени и на поддржувачите на ИСЛАА: хотел „Инекс Олгица“, „Екофлуид“, „Екобит“, „Нома систем солушнс“ и „Рагуза груп“.

-Настанот испрати јасна порака дека ИСЛАА не е само организација, туку жива заедница со долгорочно влијание. Со 15 години зад себе, ИСЛАА продолжува да ја гради својата мисија: да поврзува, инспирира и поддржува млади лидери кои ќе придонесуваат за подобро и поодговорно општество, се наведува во соопштението.