Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

„Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован

Јован Костадинов, 19-годишниот херој од Виница кој во пожарот во дискотеката „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јован Костадинов, 19-годишниот херој од Виница кој во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси повеќе од 20 деца, ќе биде награден од општествено одговорната компанија „Алкалоид“ со 18.000 денари секој месец, во следните четири години.

Со оглед на тоа што Јован е завршна година, матурант, во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, ова стипендирање ќе му биде добар поттик за успешно да ги заврши студиите кои ќе ги одбере.

„Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на нивниот долгогодишен партенр, Црвениот крст на РМ, а за нивните 167 волонтери изразија благодарност, затоа што безрезервно помагаат во бројни ситуации.

Реклама

– Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. „Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка – велат од „Алкалоид“.