Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алиу: Здравствената мрежа на ЈИЕ веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел–подобро здравје и благосостојба за граѓаните

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје под претседателството на Израел. „Здравствената […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје под претседателството на Израел.

„Здравствената мрежа прерасна во силна меѓувладина организација која денес обединува девет земји членки и претставува значајна платформа за размена на искуства, градење капацитети и унапредување на здравствените политики. Во фокусот на пленарната седница се теми од особено значење за иднината на здравствените системи, меѓу кои развојот на дигиталните здравствени иновациски екосистеми, унапредувањето на напредните улоги и лидерството во сестринството, како и подготвеноста и отпорноста на здравствените системи при кризни и вонредни состојби, истакна министерот Алиу.

Тој потенцираше дека државата останува силно посветена на дигиталната трансформација на здравството, зајакнувањето на улогата на медицинските сестри и унапредувањето на националните капацитети за подготвеност и одговор на здравствени закани и итни ситуации.

Реклама

Воедно, тој најави дека на негова иницијатива, во септември годинава, под покровителство на Светската банка ќе се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат министрите за здравство од земјите од регионот, со цел дополнително продлабочување на соработката и размена на добри практики.

Учесниците на 49. пленарна седница ќе дискутираат за заедничките предизвици и можности за развој на поотпорни, поефикасни и поинклузивни здравствени системи во Југоисточна Европа, соопшти Министерството за здравство.