Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Алиу: Законот за заштита од пушење не е рестриктивен, туку европски

Законот за заштита од пушење не е рестриктивен, туку европски и превентивен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за заштита од пушење не е рестриктивен, туку европски и превентивен – уверува министерот за здравство Азир Алиу. Според него, целта на новото законско решение не е казнување, туку системска едукација и подигање на свеста кај граѓаните за штетните последици од пушењето. Очекува дека мерките ќе доведат до значително намалување на бројот на пушачи во државата, како и до намалување на енормните трошоци за лекување на болести директно поврзани со тутунот.

Подобро е да се спречи отколку да се лечи порача Алиу, нагласувајќи дека земјата мора да се соочи со поразителните статистики за пушењето кои ја ставаат Македонија меѓу најпогодените држави во регионот.

Македонија веќе подолго време е на листата на земји со повисоки стапки на пушење во регионот. Анализите покажуваат алармантни податоци – 40 проценти од младите до 18 години пушат, а најфрапантно е што децата веќе на 13 годишна возраст посегнуваат по цигарите. Затоа повеќе од неопходен е новиот закон – велат од Институтот за јавно здравје.

Реклама

Со новиот закон, пушењето ќе биде забрането во и пред здравствени и образовни установи, културни и спортски објекти, државни институции, јавен превоз, аеродроми и автобуски станици. Забрана ќе важи и за угостителски објекти, заеднички простории во згради и приватни возила кога во нив има деца. Законот предвидува и забрана за ароматизирани тутунски и никотински производи, вклучително и електронски цигари, со цел да се спречи нивната популарност кај младите. Се укинува и секакво рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски производи – на телевизија, интернет, социјални мрежи и во јавни настани.