Реклама
Прилози

Алиу за шпекулациите дека ќе биде сменет: не се концентрирам на политичката позиција, туку да направам подобар здравствен систем

Во пресрет на најавената рекострукција, се почесто се отвара прашањето – кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на најавената рекострукција, се почесто се отвара прашањето – кој ќе ја задржи довербата, а кој ќе остане без неа. Меѓу имињата што се споменуваат во јавноста за евентуални ротации, е и министерот за здравство Азир Алиу.  Додека во јавноста се лицитира со имиња, Алиу испраќа порака – не се занимава со тоа што во политичката кариера ќе го снајде утре , туку со тоа што зад себе во институцијата ќе остави денес.

„Мојот пристап во ова министерство и во секоја работа е да работам додека сум дел од таа инфраструктура и тој еко-систем. Политичките позиции секогаш се политички , затоа така се викаат. Воопшто не сакам да трошам енергија и време на што ќе се случи утре, сакам навистина додека сум во оваа позиција да оставам резултати позади мене, бидејќи со тие резултати и јас и моето семејство и целата институција и Владата и државата, ценам дека ќе ги ценат и ќе имаме подобро здравство. Затоа мислам дека за процеси кои што не можеш ти да ги проектираш не треба да се губи ни време.“ – рече Алиу.

А кој ќе биде сменет? Резултатите што ги оствариле функционерите ќе биде мерилото за опстанок. Од Владата веќе сигнализираат дека следи детална анализа – кој испорачал, а кој потфрлил. Се најавува отворен разговор во мај или јуни кога на маса ќе се стават сите кадри, сите позиции и сите ресори – без исклучок.

Реклама

Премиерот испрати јасна порака – иако се работи во тешки услови, тоа не е оправдување за слаб учинок. Очекувањата се максимални, а дел од функционерите, според најавите, веќе се соочиле со предупредувања и јасни забелешки за нивната работа. Се бара офанзивен пристап – повеќе работа, повеќе резултати и поголема достапност до граѓаните. Без дистанца, без затворени врати.

Реконструкцијата се очекува меѓу мај и јуни, по консултациите во владејачкото мнозинство. Во игра се не само министерските позиции, туку и можни ротации, како и пошироки промени во институциите.