Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Алиу: Усвоен првиот Национален план за справување со масовни жртви, тоа е одговор на траумите од Кочани, Ласкарци, модуларната во Тетово

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната завршна сесија од Меѓународната конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната завршна сесија од Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, организирана од Владата, презентираше Национален план за справување со масовни жртви, усвоен на последната владина седница, оценувајќи дека станува збор за прв таков документ во државата, изработен со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО).

Алиу истакна дека планот е резултат на научените лекции од повеќе трагични настани кои што ја погодија државава изминативе години, меѓу кои автобуската несреќа во Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа во Бугарија и трагедијата во Кочани.

– Овој план не е одговор само на едно трауматично општествено искуство кое што го имавме, туку и на повеќе тешки моменти што ги преживеа нашата држава во изминатите години – автобуската несреќа во Ласкарци, модуларната болница во Тетово, автобусот што изгоре во Бугарија, а потоа и Кочани – истакна Алиу.

Реклама

Според него, секој од овие настани покажал дека при трагедии со масовни жртви, покрај човечката пожртвуваност, е потребна силна, усогласена и однапред подготвена институционална реакција.

Со имплементацијата на планот, вели, се очекува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни жртви и инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, како и развој на систем за обуки, симулациски вежби и континуирано усовршување на професионалците.

– Неговата суштинска вредност е во тоа што јасно ги дефинира улогите и одговорностите на сите надлежни институции и го структуира одговорот на три клучни нивоа. И тоа, на стратегиско ниво, каде што планот предвидува активирање на кризно управување, централизирано донесување одлуки и меѓусекторска координација. На ниво на здравствена установа, планот ја утврдува организацијата на прием и третман на голем број повредени, мобилизација на персоналот, опремата и одржувањето на континуитетот на здравствените услуги. На предболничко ниво на организација на институциите се утврдува теренската тријажа и укажувањето медицинска помош, евакуација, транспорт и воспоставување истурена медицинска станица, каде што е потребно, појасни Алиу во неговото обраќање.

Министерот информираше и дека е изготвен првиот национален протокол за изгореници, кој, како што рече, претставува клучен чекор во стандардизирањето и унапредувањето на третманот на пациентите со изгореници на национално ниво и додаде дека во завршна фаза е и изработката на АТЛС-протокол за напредно одржување во живот при трауми.

– Искуството од трагичниот настан во Кочани покажа дека изгорениците се меѓу најтешките трауматски повреди и бараат брз, координиран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој протокол се темели на современите препораки од водечките европски и американски протоколи за изгореници, прилагодени на нашиот здравствен систем и ресурсите во државата – нагласи Алиу.

На завршната сесија свое обраќање имаше и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која посочи дека не може да се намали болката на семејствата кои ги имаат загубено своите најмили или се соочуваат со последиците од трагедијата, но „можеме и мораме да направиме сѐ што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш да не се повторат“.

Посочи и дека вистинската мерка на една држава не се гледа во моментите на стабилност, туку во начинот на кој се соочува со своите кризи. Демократските системи, таа оцени дека се поотпорни на кризи и полесно се справуваат со нив. – Кризата е лакмус за демократијата оти се проверуваат и институциите и професионалната етика и човечката солидарност – изјави Сиљановска-Давкова.

На завршната сесија, претходно беа доделени и благодарници за домашните здравствени установи.