Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата.

– Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен – додава министерот во пишаната изјава.

Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци да придонесуваат директно или од далечина во здравствениот систем на Македонија. Тој информира дека имал директна комуникација со претставници на академските институции и многумина од нив изразиле подготвеност да придонесат, дури и без финансиски надомест.

Реклама

– Проектот веќе влезе во почетната фаза на имплементација. Телемедицината е пилотирана во два града, во Дебар и во Делчево, каде што здравствените услуги се обезбедуваат од далечина од главниот град, Скопје – истакнуваат од Министерството за здравство.

Според Алиу, првата фаза е пилотирање, додека втората фаза ќе се фокусира на стандардизација на процедурите за телемедицина, со цел системот да се прошири и да ги вклучи и лекарите кои работат надвор од земјата.

Тој додава дека третата фаза ќе вклучува развој на дигитални системи за напредни анализи, особено во областа на радиологијата. Преку овие системи, како што се додава во соопштението, лекарите специјалисти од дијаспората ќе можат да даваат професионални мислења за случаите што се третираат во здравствените институции во земјата.

Според министерот, телемедицината не само што ќе помогне во подобрување на пристапот до здравствени услуги, туку ќе создаде и одржлива мост-соработка со професионалците од дијаспората.