Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони на која со стручната фела се разгледани предлози, мислења и препораки за да се дојде до најдобрите решенија.

Ресорниот министер Азир Алиу рече дека станува збор за најобемната реформа на законските прописи во здравството досега.

– Овој процес го започнавме во рамки на Министерството со работни групи за измени и дополнувања на 12 законски решенија, кои директно се однесуваат на здравствениот систем. Само преку транспарентност и отворена дискусија можеме да дојдеме до најдобрите решенија. Целта е подобрена законска рамка која ќе биде гаранција за поквалитетни услуги, фер пристап и поголема сигурност за пациентите. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат, истакна Алиу.

Реклама

Станува збор за системско преосмислување на 12 закони во различни области – од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина.

– Со овие закони целиме кон здравствен систем што е стабилен, поврзан и предвидлив. Систем во кој секој податок, секоја постапка и секоја одлука ќе има место, логика и одговорност, рече Алиу и ги повика сите чинители активно да се вклучат во овие процеси со цел заедно да ја подобрат легислативата, а со тоа и состојбите во здравствениот систем.

Стручната и јавна расправа ги опфаќа измените и унапредувањата на законите за евиденции во областа на здравството, за здравствената заштита, за здравственото осигурување, за лекови, за медицински средства, за јавно здравје, за заштита на населението од заразни болести, за заштита од пушењето, за биомедицински потпомогнато оплодување, за комплементарна и алтернативна медицина, за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, за санитарна и здравствена инспекција.

Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека не случајно се отворени овие 12 закони.

– Прво имаме моменти кои не се предвидени во законската рамка и второ имаме моменти кога едниот закон предвидува нешто, а вториот предвидува друг тип или проток на процеси. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат. Понекогаш и законски се кочат. Овие 12 закони не се нови, туку ќе бидат обработени и адаптирани да бидат синхронизирани еден со друг. Се уште отворен е процесот и кога ќе заврши ќе имаме уште една јавна дебата на која ќе ги презентираме законските измени, додаде Алиу.